Мултилатерален трговски систем

Наслов на наставниот предмет

Мултилатерален трговски систем

Код

 INT 330

Наставник

Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да го разберат основниот концепт на мултилатералниот трговски систем и неговите најголеми недостатоци и пропусти;
  • Да  го разберат комбинирањето и употребата на различни бариери во меѓународната трговска размена според новите правила на мултилатералниот трговски систем;
  • Да го разбираат Механизмот на СТО за решавање трговски спорови.

Содржина на предметната програма: 

Предметот ги запознава студентите со теоријата и функционирањето на Светската трговска организација како основа на мултилатералниот трговски систем. Содржината почнува со развојот на мултилатерализмот со старата ГАТТ спогодба и континуитетот до основањето на Светската трговска организација. Детално ќе биде разработена новата ГАТТ спогодба со нејзините 13 потспогодби. Потоа ќе бидат разработени основните аспекти на Спогодбата за трговијата со услугите и Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост. Составен дел на предметната програма е и разработка на ефикасноста на Механизмот за решавање трговски спорови и на Механизмот за контрола на трговските политики. Посебен акцент ќе биде даден на текот и реализацијата на преговорите во рамките на Доха агендата и предизвиците со кои се соочува Светската трговска организација.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.