Цели на предметната програма (компетенции): После завршувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да објаснат: - Зошто економијата е наука за тоа како луѓето и општествата избираат да ги алоцираат ретките ресурси и како пазарните економии го решаваат централниот економски проблем
- Како во услови на пазарна економија портошувачот ја максимизира корисноста, и како фирмата носи одлуки за производството и продажните цени со цел да го максимизира профитот, при тоа функционирајќи во различни пазарни структури;
- Како функционираат пазарите на факторите на производство, и кои се спефичните карактеристики на побарувачката и понудата на различни фактои на производство: труд, капитал, земја и претприемништво;
- Каква е улогата на државната регулација на бизнисот во врска со корегирањето на неуспесите на пазарот.
- Што претставува основниот макроекономски модел: агрегатна побарувачка, агрегатна понуда и рамнотежен реален бруто домашен производ.
- Како се дефинираат и мерат основните макроекономски агрегати, вклучувајќи ги: бруто домашниот производ; инфлацијата; невработеноста; штедењето; инвестициите, девизните курсеви и сл.
- Какви се меѓузависностите помеѓу макроекономските агрегати
- Што претставува долгорочниот економски раст, како истиот се мери и кои се детерминантите/факторите на економскиот раст.
- Што е тоа бизнис циклус и како се движат макроекономските агрегати во текот на бизнис циклусот.
- Кои се целите и инструментите на монетарната политика, посебно кога истата се користи како макростабилизациона политика.
- Кои се целите и инструментите на фискалната политика, посебно кога истата се користи како макростабилизациона политика.
- Кои се основните аспекти на меѓународната економија: меѓународна трговија и инвестиции; економски ефекти на царините и квотите; биланс на плаќања; девизен курс ин неговите детерминанти.
- Кои се доминантните школи на мислење во рамките на современата макроекономија.
|
Содржина на предметната програма: Економијата како наука: дефиниција, методологија, основни принципи на економското размислување. Принципи на микроекономијата: - Побарувачка, Понуда и Пазарна рамнотежа. Теорија на изборот на потрошувачот. Теорија на производството. Трошоци на производството. Совршена конкуренција. Несовршена конкуренција: Монопол, Олигопол. Пазари на факторите на производство (Капитал; Земја; Претприемништво). Пазарот на трудот и наемнините. Државата и бизнисот: Неуспесите на пазарот и државната регулација (Јавни Добра; Екстерналии; Асиметрични информации; Природни монополи; Комерцијални монополи).
Принципи на макроекономијата: - Основен макроекономски модел: Агрегатна побарувачка; Агрегатна понуда; и Макроекономска рамнотежа. Мерење на макроекономската активност и макроекономските агрегати: бруто домашен производ, инфлација, невработеност. Агрегатна потрошувачка. Агрегатно штедење. Агрегатни инвестиции. Долгорочен економски раст и негови фактори. Деловни циклуси. Пари и банкарство. Невработеност и инфлација. Фискална политика. Монетарна политика. Меѓународна економија: основни аспекти (Меѓународна трговија и меѓународни текови на капитал. Економските ефекти на царините и квотите. Биланс на плаќања. Девизен курс и неговите детерминанти.) Школи на мислење во рамките на современата макроекономија (Неокејнзијанци. Нови кејнзијанци. Монетаристи. Нова класична политичка економија. Теорија на реални бизнис циклуси.)
|