Развој на економската мисла

Наслов на наставниот предмет

Развој на економската мисла

Код

ECN 350

Наставник

Доц. д-р Борче Треновски

Цели на предметната програма(компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат спос обни:

·       од  досегашниот развој на економската мисла (резултати и слабости на одделни школи на економска мисла) и на тој начин ќе можете полесно да ја совладате материјата што се изучува на поконкретно ниво во други економски дисциплини;

·       за економскиот живот и за инструментариумот на економската анализа, како и да го покачите сте пенот на сопствената економска култура и сл.

Содржина на предметната програма:

Наставата по предметот Развој на економската мисла треба да им помогне на студентите да го разберат досегашниот развој на економската мисла, односно основните текови (школи) на економска мисла од античкиот период до денес, како и творештвото на најголемите умови во доменот на економската наука. Во тој контекст посебно внимание се обрнува на изучувањето на следниве прашања: економската мисла до настанувањето на економската наука, меркантилизмот како премин кон настанување на економската наука, класичната школа како почеток на економската наука, социјалутопизмот, историската школа, настанувањето и развојот на марксистичката економија, маргинализмот, институционализмот и неоинституционализмот, кејнзијанизмот, посткејнзијанизмот и новата кејнзијанска економија, радикалната политичка економија на новата левица, разните школи во рамките на неолибералната (неокласичната) економска мисла и др.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.