Регионална и урбана економија

Наслов на наставниот предмет

Регионална и урбана економија

Код

ECN 340

Наставник

д-р Пеце Недановски

Цели на предметната програма(компетенции):

·       По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       го осознаат значењето на просторот (локацијата) во процесот на разместувањето на производството;

·       ги запознаат современите законитости во процесот на просторното разместување;

·       стекнат познавања за инструментите на регионалната политика со помош на кои се реализираат целите на регионалниот развој;

·       ја запознаат улогата на политиката на децентрализација и афирмацијата на локалната самоуправа во современите регионални процеси;

·       се запознаат со основните проблеми на регионалниот развој на Р. Македонија;

·       го осознаат сложениот карактер на природата на економскиот развој како основа за разрешување на многубројните практични проблеми не е возможно без познавањеето на законистостите на современиот глобален, регионален и локален развој. Во тој контекс секоја стратегија на развојот е дефектна доколку не тргне од законитостите на просторниот развој и доколку истите не се респектираат во дејствувањето на субјектите на економскиот развој на микро (фирми) и макро ниво.

Содржина на предметната програма:

Предметот регионална економија треба да овозможи согледувањето на противречностите на современиот економски развој кои што произлегуваат од димензијата на неговата просторна определеност. Регионалниот аспект на економскиот развој во научната литература доби своја тематска и методолошка диференцираност преку широк спектар на проблеми. Контраверзите и конфликтите што ги отвара процесот на глобализацијата ја актуализираат потребата да се дадат одговори на многу нови прашања и да се редифинираат актуелните теоретски премиси како и да се пратат современите емпириски процеси на глобален, регионален развој. Токму затоа наставната програма ги опфаќа следниве теми: развој на современите концепции за регионалниот развој; локациона анализа; анализа на факторите на современиот регионален развој; регионални аспекти на глобализација; регионалните политики; политиката на децентрализација на локалната самоуправа; прашања врзани со регионалниот развој на Р. Македонија.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.