Системска анализа и дизајн на информациски системи

Наслов на наставниот предмет

Системска анализа и дизајн на информациски

системи

Код

EBU 430

Наставник

Проф.д-р Мијалче Санта

Цели на предметната програма(компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да

бидат способни:

·       способни да ја разберат и имплементираат методологијата на животен циклус на развој на системи (Systems development life-cycle)

·       способни да идентификуваат и користат различни пристапи, модели и алатки за системска анализа и дизајн на информациски системи

·       способни да развијат и дизајнираат реални информациски системи

Содржина на предметната програма:

Предметот детално ги запознава студентите со основните концепти, техники и методологии кои се релевантни за развојот на информациските системи. Предметот се фокусира на идентификување на потребите, нивна анализа, дизајн на модели и развој на информациските системи. Низ практични вежби предметот дава и контекст за имплементирање на животниот циклус за развој на системи и избор на соодветни концепти за развој и имплементирање на информациски системи.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.