Наслов на наставниот предмет | Теории на надворешната трговија |
Код | INT 230 |
Наставник | Проф. д-р Ирена Кикеркова |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба:
| |
Содржина на предметната програма: Целта на предметот е да се запознаат студентите со развојот на теоретската мисла низ економската историја за надворешната трговија, зошто нациите тргуваат, што е тоа надворешно-трговски импулс и од каде произлегува. Низ историјата, значењето и местото на надворешната трговија се менуваат и оттаму погледите и теоретските концепции еволуираат од меркантилизмот, преку преферирањето на слободната трговија, до појава и апликација на протекционизмот, современи форми на интервенционизмот и некои нови приоди кон теоријата за надворешна трговија. Теоретските пристапи се одраз на времето во кое настанале и значењето на надворешната трговија кое се придава што е од особено значење за секоја земја во ерата на форсирањето на либерализацијата и глобализацијата. Оттаму пристапот кон тие прашања на земја со особено мала и отворена економија е круцијален за градењето на конзистентна економска политика со цел пооптимално вклучување во меѓународните текови и извлекување користи од истите. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани