Наслов на наставниот предмет | Трговско право |
Код | INT 110 |
Наставник | Проф. д-р. Дарко Спасевски |
Предметот Трговско право доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Трговско право од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA. Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
| |
Содржина на предметната програма: Наставната содржина по предметот ги опфаќа сите видови на трговски друштва, како трговски субјекти, понатаму управувањето и раководењето на трговските друштва, нивните основни белези. Посебно се обработуваат правните односи меѓу содружниците, правните односи меѓу акционерското друштво и акционерите. Учеството во други трговски друштва (поврзани друштва, друштва во сопственост на државата и друштво со учество на државата, стечај и ликвидација на трговско друштво; странско трговско друштво; други стопански субјекти, право на конкуренција; индустриска сопственост, трговски договори; хартии од вредност. Наставата по овој предмет треба да им помогне на студентите теоретски и практично да се запознаат со работата на трговските друштва без кои не може да се замисли трговското работење. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани