Наслов на наставниот предмет | Финансиска и актуарска математика |
Код | MST 430 |
Наставник | Доц. д-р Игор Ивановски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на конкретни и напредни математички методи и модели при решавањето на определени проблеми во финансиите · да користат напредни модели во долгорочните финансиски операции, пред се во банкарското работење, како и да ги спознаваат и користат практичните методи и модели неопходни во процесот на изготвување на економски и финансиски анализи и планови и донесување на економски и инвестициони одлуки. · Да се стекнат со базичните елементи на актуарската математика како технички елемент во осигурувањето, пред се животното, да ги разберат коинтегративните елементи на финансиската математика во животното и пензиското осигурување, · Бидат способни да поставуваат актуарски модели за пресметување на еднократната и повеќекратната премија за рентните осигурувања и модели за пресметување на математички резерви за одделните видови на животни осигурувања, како и да развијат квантитативно аналитичка способност за анализа и примена на моделите на животното осигурување. | |
Содржина на предметната програма: Предметот овозможува осознавање на напредните математичките методи и модели, за декурзивна и антиципативна пресметка на каматата во долгорочните финансиски операции, конкретно во периодичните вложувања и периодичните примања (ренти), амортизацијата на кредитите преку варијабилни ануитети и отплати, како и комбинираните модели составени од различните комбинации на основните елементи на кредитите. Студентите ќе се запознаат со конкретните елементи на актуарската математика, и тоа со пресметката на еднократната и повеќекратната премија во неживотното и животното осигурување, и различните актуарски модели во животното осигурување, како и пресметките на техничките(математичките) резерви во животното осигурување. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани