Финансиско сметководство

Наслов на наставниот предмет

Финансиско сметководство

Код

 ACC 210

Наставник

Проф. д-р Атанаско Атанасовски

Предметот Финансиско сметководство доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Финансиско сметководство од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни за:

  • Совладување на практичната анализа, евиденција и книжење на сметководствените трансакции со помош на пропишаниот контен план
  • Примена на основните  сметководствени принципи и претпоставки, прифатените сметководствени стандарди и законската регулатива во изработката на финансиските извештаи за општа намена
  • Да ги применат прифатените правила за сметководственото вреднување и прикажување на различните средства, обврски и  елементи на капиталот
  • Соодветно признавање на приходите и спротивставување на расходите  и подготовка на извештаи за резултатите за различни корисници на информации

Содржина на предметната програма: 

  1. Поим и улога на финансиското сметководство;
  2. Процес на сметководствена евиденција;
  3. Финансиски извештаи;
  4. Материјални нетековни средства;
  5. Нематеријални средства;
  6. Залихи;
  7. Парични средства и побарувања;
  8. Финансиски вложувања;
  9. Обврски и резервирања;
  10. Капитал;
  11. Признавање на приходите и расходите;
  12. Утврдување и известување за резултатите;
  13. Сметководствена анализа на финансиските извештаи.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.