Монетарна и фискална политика во ЕУ

Наслов на наставниот предмет

Монетарна и фискална политика во ЕУ

Код

 INT 430

Наставник

Проф.д-р Ѓорѓи Гоцков

Цели на предметната програма (компетенции):

 По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·         да ја познаваат институционалната поставеност на Европскиот монетарен систем

·         да ги познаваат користите и трошоците од членство во монетарна унија

·         да имаат увид во поставеноста и начинот на водење на монетарната политика на ЕЦБ

·         да ја познаваат структурата на даночните системи во земјите од ЕУ

·         да ги анализираат проблемите на хармонизацијата на даночните системи во ЕУ

·        да имаат увид во трендовите во јавните финансии во ЕУ

Содржина на предметната програма: 

Изучувањето на овој предмет треба да има овозможи на студентите да се запознаат со прашањата поврзани со поставеноста и функционирањето на Европскиот монетарен систем, како и со хармонизацијата на даночните системи на земјите-членки на ЕУ. Во таа смисла, во рамките на овој предмет, посебно внимание ќе биде посветено на следниве поважни прашања: оптималност на валутно подрачје, институционална поставеност на Европскиот монетарен систем, монетарната политика на Европската централна банка, достигнувања и предизвици на заедничката европска валута, фискална политика во монетарна унија, фискални правила, даночна хармонизација во ЕУ, карактеристики и трендови во даночните системи на избрани земји од ЕУ, итн.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.