Хартии од вредност и портфолио менаџмент

Наслов на наставниот предмет

Хартии од вредност и портфолио менаџмент

Код

FIN 420

Наставник

Проф.д-р Владимир Филиповски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

 Да го сфатат значењето на двата основни параметри на финансиските инвестиции: очекуваниот принос и ризикот;

  Да се разберат основната структура и улогата на институциите на пазарот на ХВ, како окружување на финансиските инвеститори;

  Да ја разберат суштината на портфолио теоријата и на теоретските модели за рамноте жните цени на ризичните имоти на пазарот на капитал;

 Да се оспособат да ги применуваат моделите за вреднување на ХВ: обврзниците, акциите и финансиските деривати;

  Да   навлезат во основните елементи на практиката на портфолио менаџментот, посебно од аспект на институционалните инвеститори;

  Да се запознаат со основните елементи од законската и регулативна рамка и со активноста на Македонската берза за долгорочни ХВ.

Содржина на предметната програма:

Овој  предмет  треба да им помогне на студентите да го разберат процесот на инвестирање во хартии од вредност. Тоа опфаќа анализа на приносот и ризикот на различни видови ХВ, како и употребата на таквата анализа при професионалното управување со портфолија на ХВ, т.е. за потребите на портфолио менаџментот. Во овој предмет, инвестирањето во ХВ е ставено во пазарен контекст, т.е. во контекст на берзанските пазари на долгорочни ХВ, како и во институционален контекст, во контекст на делувањето на институционалните инвеститори во ХВ, пред с# инвестиционите фондови.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.