Менаџмент на финансиски институции

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на финансиски институции

Код

 FIN 340

Наставник

Проф. д-р Елена Наумовска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба:

  •  Да ги осознаат функциите кои ги вршат финансиките институции и начинот на кој тие влијаат врз поттикнување на економската активност и зголемување на степенот на финансиска развиеност;
  • Да стекнат способност да ги анализраат големината, структурата и степенот на развиеност на финансикиот сектор на Република Македонија, како и местото и улогата на поодделните финансиски институции (банки и небанкарски финансиски институции – осигурителни компании, пензиски фондови и инвестициски фондови) од кои тој е сочинет;
  • Да стекнат знаење за хронолошкиот развој, законската и институционална подлога и начинот на фунционирање на поодделните финансиски институции;
  • Да имаат сознанија за регулативата и супервизијата на поодделните финансиски институции;
  • Да ја познаваат улогата на финаниските институции како финансиски посредници и институционални инвеститори;
  • Да се запознаени со начинот на кој поодделните финансиски институции прибираат средства, како и со стратегиите и техниките на нивно инвестирање;
  • Да стекнат способност за одлучување и избор помеѓу алтернативните форми за вложување на средствата од страна на индивидуалните инвеститори;
  • Да го анализираат функционирањето на финансики институции низ перспектива на ризикот на кој тие се изложени;
  • Да се запознаат со моделите и техниките на управувањето со ризиците во поодделните видови финансиски институции.

Содржина на предметната програма: 

Содржината на овој предмет ќе им овозможи на студентите да се запознаат со местото и улогата на поодделните финансиски институции – банки и небанкарски институции (пензиски фондови, осигурителни комапнии и инвестициски фондови) во рамки на целокупниот финансики систем. Преку анализа на основните функции кои ги вршат финансиските институции (мобилизација на заштедите, диверзификација на ризикот, алокација на заштедите, намалување на информационите трошоци и географска и временска редистрибуција на финансиските ресурси), студентите ќе бидат во можност да ја воочат неопходноста од соодветно управување на финансиските институции во насока на поттикнување на економката активност и промовирање на финансиската развиеност. Секоја поодделен вид на финансика институција ќе биде анализиран од следниве аспекти: историски развој, основни видови, институционална и законска подлога, начин на функционирање, регулација и супервизија, перформанси, инвестирање на средствата. Дополнително, студентите ќе бидат оспособени да вршат основни математички        пресметки карактеристични за секој поодделен      вид финансика институција, кои заедно со теоретското знаење во крајна линија би овозможиле одлучување и избор на најповолна алтернатива помеѓу различните форми за вложување на средствата.

Предметот ги oбработува најзначајните теми поврзани со финансиските институции и од перспектива на ризикот на кој тие се изложени. Преку изучување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност да се запознаат со моделите и техниките на управувањето со ризиците во поодделните видови финансиски институции.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.