Државна ревизија

Наслов на наставниот предмет

Државна ревизија

Код

 517

Наставник

Проф. д-р-Зорица Божиновска Лазаревска

Цели на предметната програма (компетенции):

 По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да ги осознаат клучните аспекти од ангажманот на државните ревизори;
  • Да се фокусираат на подетално запознавање на професионалната регулатива во државната ревизија (Декларацијата од Лима, Декларацијата од Мексико, Стандарди за ревизија на ИНТОСАИ и Кодекс на етика на ИНТОСАИ) и нивното имплементирање во домашната ревизорска практика;
  • Да стекнат сознанија за ангажманите од доменот на ревизија на успешност како посебен вид на ревизорски ангажман со сите клучни фази од неговото спроведување;
  • Да се стекнат со знаења кои можат да им послужат како солидна основа во подготвка на испитите за стекнување на професионални звања во доменот на ревизорската професија (овластен ревизор, овластен интерен ревизор, државен ревизор и др.);
  • Да се подготват и активно вклучат во национални и меѓународни истражувачки проекти од областа на државната ревизија.

Содржина на предметната програма: 

1.Поим, улога и значење на државната ревизијаво современите економии;

2.Законско регулирање на државната ревизија во Република Македонија –Закон за државна ревизија;

3.Професионална регулатива во државната ревизија –Декларација од Лима, Декларација од Мексико, Стандарди за ревизија на ИНТОСАИ и Кодекс на етика на ИНТОСАИ;

4.Планирање на процесот на ревизија;

5.Фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата;

6.Спроведување на ревизорскиот ангажман;

7.Интерни контроли;

8.Известување за спроведената ревизија;

9.Ревизија на успешност;

10.Државна ревизија во Република Македонија -состојби и перспективи.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.