Мерење на резултати

Наслов на наставниот предмет

Мерење на резултати

Код

 515

Наставник

Проф. д-р Марина Трпеска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да ги разберат новите развојни трендови на системите за мерење на резултатите во сметководство
  • Да развијат методологија и рамка на мерење на резултатите во сметководството
  • Да ги разберат и имплементираат интегрираните системи за мерење на резултатите т.е. да применуваат финансиски и нефинансиски мерила за мерење на резултатите
  • Да ги објаснат и применат принципите на стандардни трошоци, да ги пресметуваат отстапувањата и критички да ги вреднуваат стандардните трошоци во светло на напреднати критики
  • Да ги пресметуваат, анализираат и интерпретираат отстапувањата на продажните цени и приходите од продажба
  • Да ја разберат улогата на трошочните, приходните и инвестиционите центри во организационата структура на компаниите и менаџмент контролата и да изготват трошочни и приходни информации во соодветни форми за менаџерите на трошочните, приходните и инвестиционите центри, имајќи ги во предвид трошоците што можат да се контролираат и трошоците што не можат да се контролираат и важноста на флексибилноста на плановите.
  • Да ги разберат и пресметаат различните мерила кои се корстат во корпоративните системи за мерење на резултатите како што се ROI, RI, EVA, BSC
  • Да ги споредат сметководството врз активности со традиционалното сметководство и имплементирани на процеси врз основа на активности и мерење на корпоративната профитабилност.
  • Да ги разберат специфичните карактеристики на системите за мерење на резултатите во јавниот сектор

Содржина на предметната програма: 

1.Развојни терндови на системи за мерење на резултатите во сметководството;

2.Развој и методологија на рамките за мерењ на резултати во сметководството;

3.Интегрирани системи за мерење на резултатите (финансиски и нефинансиски мерила);

4.Стандардни трошоци и анализа на отстапувањата како мерила наекономично работење;

5.Анализа на отстапувањата на продажните цени и приходите од продажба;

6.Контрола и мерење на резултатите во центрите на одговорност (трошочни, приходни и инвестициони центри);

7.Контрола и корпоративно мерење на резултатите (Стапка на рентабилност, Резидуална добивка, Economic Value Added, Balanced Scorecard);

8.Мерење на профитабилноста на корпорациите врз основа на активности (Сметководство на активности, Планирање врз основа на активности, Управување врз основа на активности, Временска рамка на сметководството на активности, Анализа на профитабилноста врз основа на активности);

9.Специфични карактеристики на системите за мерење на резултатите во јавниот сектор.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.