Наслов на наставниот предмет | Напредна економетрија |
Код | STM 514 |
Наставник | Проф. д-р Весна Буцевска |
Цели на предметната програма (компетенции): 1.Запознавање на студентите со најновите теоретски достигнувања на подрачјето на напредната економетрија, со посебен осврт на системите на линеарни равенки, нивната примена, разбирање на проблемите на нивната идентификација и постапките на нивна оценка. Посебно внимание е посветено на системот на симултани равенки со оглед на нивната посебна важност за економетријатана микро и макро ниво; 2.Оспособување на студентите за научно-фундирана примена на напредните економетриски методи во анализата на реалните економски и деловни проблеми, со користење на соодветен економетриски софтвер. | |
Содржина на предметната програма: 1.Модели со една равенка (дополнување) 2.Авторегресиони модели 3.Системи на равенки 4.Навидум неповрзани регресии (ННР) 5.Систем на симултани равенки 6.Идентификација на параметрите на структурната форма 7.Двоетапен и троетапен метод на најмали квадрати 8.Оценки на максимална веродостојност. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани