Наслов на наставниот предмет

ПРАВО И РЕГУЛАТИВА НА ЕУ

Код

EUS 514

Наставник

Проф. д-р Сашо Георгиевски

Цели на предметната програма (компетенции): 

Предметот има за цел да им даде на кандидатите солидни знаења за правото и регулатива на ЕУ а особено  за изворите на правото на ЕУ, иституциите на ЕУ, за супремацијата, директната примена на  европското право, директните ефекти, принципите на европското право, четири (економски) слободи, регулирањето на конкуренцијата во Европската Унија хармонизацијата и унификацијата на  интелектуалната сопственост и нејзината заштита. Воедно, да ги запознае со напорите на Република Македонија за приближување кон Европското право и законодавство како наша трајна определба и перспектива.

Содржина на предметната програма:

Вовед; Историски развој развој на европското право и европските правни системи; Извори на правото на ЕУ; Генерални принципи на правото на ЕУ; Институции на ЕУ; Заедничкиот пазар: слободно движење на стоките, слободно движење на лугето, слобода на давање на услугитеи слободно движење на капиталот; Исклучоци од четирите економски слободи; Заедники принципи, дискриминација и пазарен пристап; Регулирањето на слободната конкуренција и државната помош и заедничкиот пазар; Хармонизацијата и унификацијата на правото на интелектуална сопственост во ЕУ и нејзината заштита; Принципите на европското договорно право; Процесот на хармонизација/апроксимација на законодавството на Република Македонија кон правото на ЕУ

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.