Прв циклус програми

Студиите прв циклус студии траат 8 (осум) семестри, односно 4 (четири) учебни години и завршуваат со успешно полагање на најмалку 31 испит, т.е. со освојување најмалку 240 кредити и изработка на дипломски труд (Статут и Правилник на УКИМ).

Студентите од прв циклус студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите. Доколку по истекот на рокот студиската програма згасне, студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма.

Во рамките на ЕКТС, општо правило е дека 60 кредити претставуваат (оптимален) обем на работа за една академска година, т.е. 30 кредити се еквивалент за еден семестар.

Вкупниот број на запишани кредити во текот на семестарот треба да биде помеѓу 21 и 35 кредити. Студентите со просечен успех над 8.5 можат да запишат најмногу 40 кредити во еден семестар.

Во интерес на студентите, предвиден е и процес на еквиваленција на предметите од повеќе наставни планови, а дополнителни информации може да се добијат во делот за студентски прашања, или комплетната листа да се преземе од линкот даден во продолжение.

Официјални акредитации на прв циклус студии

Еквиваленција на положени испити според старите наставни планови 

Наставен план 2008/2009 

Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити

Департмани:

 

 Наставен план 2012/2013

Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).

Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример  шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.