д-р Кирил Јовановски

Редовен професор

Катедра за Финансии

kiril.jovanovski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-870

Google Scholar
ORCID
ResearchGate

Приемно време:
Понеделник: 11:00 – 13:00
Среда: 11:00 – 13:00

За вонреден професор по Финансиски пазари и институции и Лични финансии на катедрата по финансии е избран во јуни 2019 година.

Дипломирал во 2005 година на департманот финансиски менаџмент. Истата година се вработил во Стопанска банка АД Скопје, корпоративен сектор. Во март 2006 година се вработил во Комерцијална Банка АД Скопје во Секторот за кредитирање на стопанство.

Во февруари 2008 година се вработува како асистент на група предмети од областа на финансиите, а во октомври 2013 е избран за доцент по предметот Лични финансии.

За време на студирањето како и подоцна, постојано учествува на семинари, летни школи, работилници и симпозиуми од областа на финансиите.

Денес е активен на сите позначајни проекти поврзани со финансискиот сектор (пазарот на капитал и банкарство), каде преку својата еспертиза допринесува за развојот на овој дел од македонската економија. Притоа бил член на одборот на директори во ЦДХВ, Фондот за осигурување на депозити, Македонска берза АД Скопје, а од 2018 година со мадат од 5 годнини од страна на СОбранието на РМ е избран за надворешен член на Комисијата за хартии од вредност на РМ.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.

75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.