Почитувани,
Добродојдовте на страната на АЛУМНИ ЕЦЦФ, УКИМ Македонија – мрежа во која можат да се регистрираат и зачленат сите оние кои дипломирале, магистрирале или/и докторирале на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Мисија
АЛУМНИ ЕЦЦФ да прерасне во Алумни асоцијација која ќе ги поврзе сите генерации студенти на Економскиот факултет-Скопје со цел остварување на заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ ЕЦЦФ, така и на самиот Факултет и бизнис заедницата во целост.
Визија
АЛУМНИ ЕЦЦФ да развие силно чувство на припадност кон матичниот Факултет кај сегашните студенти (со нивен ангажман во реализацијата на секојдневните активности на Факултетот преку формите на волонтерство и туторство, обезбедувајќи им поддршка во кариерниот развој, поддршка при нивно вклучување во бизнис заедницата и нивен придонес кон развој на истата), а воедно да развие и силно чувство на идентификација со Факултетот кај своите поранешни студенти.
Членство
Регистрирањето во системот на АЛУМНИ ЕЦЦФ е доброволно, бесплатно и може да се направи on-line.
АЛУМНИ ЕЦЦФ е во надлежност за Центарот за кариера на Економскиот факултет-Скопје.
Контакт
М-р Маријана Секуловска
Раководител на Центарот за кариера
Тел. 02/3286-835
е-mail: ck@eccf.ukim.edu.mk
Уверени сме дека АЛУМНИ ЕЦЦФ ќе предизвика интерес и ќе наиде на голем одзив кај нашите поранешни студенти, единствените кои ќе ја имаат привилегијата и честа да бидат регистрирани во системот на АЛУМНИ ЕЦЦФ.
Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите информацијата за АЛУМНИ ЕЦЦФ со Вашите контакти и да ни помогнете со заеднички сили да делуваме во насока на промовирање на веќе докажаното реноме на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Почитувани,
Добродојдовте на страната на АЛУМНИ на Економски факултет, УКИМ Македонија – мрежа во која можат да се регистрираат и зачленат сите кои дипломирале, магистрирале или/и докторирале на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Линк за зачленување https://bit.ly/4c517qu
Мисија
Алумни мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти, создавајќи платформа за континуирана соработка и развој. Со оваа мрежа, поранешните студенти ќе можат да останат во контакт со своите соученици, да споделуваат искуства и знаења, и да се вклучат во разни професионални и општествени активности. Покрај тоа, мрежата ќе овозможи тековните студенти да добијат поддршка и менторство од алумни, што ќе придонесе за нивниот личен и професионален раст. На тој начин, оваа мрежа ќе ги поврзе сите генерации студенти на Економскиот факултет-Скопје со цел остварување заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ мрежата, така и на самиот Факултет и бизнис заедницата во целост.
Визија
Алумни мрежата е формирана со визија да развие силно чувство на припадност кон Економскиот факултет-Скопје кај сегашните и поранешните студенти преку најразлични активности и тоа:
Зголемени можности за професионален развој, менторство и вмрежување.
Платформа за враќање и поддршка на факултетот, како и за продолжување на личниот и професионалниот развој.
Подобра соработка со алумните и бизнис заедницата, што ќе овозможи поголем успех во образовните и истражувачките активности.
Пристап до талентирани студенти и можности за соработка со факултетот и алумните.
Со оваа мисија и визија, алумни мрежата на Економскиот факултет-Скопје ќе игра клучна улога во создавањето интегрирана и успешна заедница која ќе придонесува за развојот на сите нејзини членови.
Цели
Со зачленувањето се збогатува најголемото семејство на економисти во земјата. Алумни мрежата не само што ќе придонесе за личен и професионален напредок на своите членови, туку и ќе го зајакне Економски факултет-Скопје и бизнис заедницата во целост, преку професионално вмрежување.
Членство
Регистрирањето во системот на АЛУМНИ е доброволно и може да се направи on-line ( https://bit.ly/4c517qu)
Уверени сме дека АЛУМНИ ќе предизвика интерес и ќе наиде на голем одзив кај нашите поранешни студенти, единствените кои ќе ја имаат привилегијата и честа да бидат регистрирани во системот на АЛУМНИ .
Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите информацијата за АЛУМНИ со Вашите контакти и да ни помогнете со заеднички сили да делуваме во насока на промовирање на веќе докажаното реноме на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани