Испитување на измами

Наслов на наставниот предмет

Испитување на измами

Код

 518

Наставник

Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска

Цели на предметната програма (компетенции):

 По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Ги разберат причините и опфатноста на измамите и криминалните активности во економијата и општеството како целина;
  • Ги разберат алтернативните методи за нивнот спречување, откривање и истражување;
  • Ги препознаат елементите од триаголникот на измама и дијамантот на измама;
  • Ја зголемат сопствената способност за препознавање на факторите на ризик од измама, идентификување на симптомите на измами и откривање на софистицираните шеми на измами инкорпорирани во финансиските извештаи;
  • Ги разберат и применат сметководствените, ревизорските и истражните техники кои можат да бидат применети при прибирањето на докази за обелоденување на измамите за потребите на судски истраги.

Содржина на предметната програма: 

1.Вовед во измами;

2.Измами на менаџментот;

3.Останати видови на измами;

4.Одговорност на ревизорот за измами;

5.Триаголник на измами;

6.Дијамант на измами;

7.Превенција од измами;

8.Препознавање на симптомите на измами –“црвени знамиња“;

9.Откривање на измами;

10.Истражување на измамите;

11.Обезбедување на докази;

12.Известување за измамите;

13.Правни аспекти и разрешување на откриените случаи на измама;

14.Професионални сметководители за откривање на измами;

15.Измамите во актуелните корпоративни скандали (ENRON, WorldCom, Parmalat, Adelphia, Tyco, ZZZZ-Best и др.).

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.