Важна информација
Почитувани,
во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК
Раководител: проф. д-р Елена Наумовска
Секретар: проф. д-р Кирил Јовановски
Оделение за студентски прашања: 02/3286-829
Цел на студиската програма на втор циклус студии – монетарна економија, финансии и банкарство е континуирана едукација на високообразован и компетентен кадар кој ќе има севкупни и длабоки познавања за монетарната политика и финансиите и кој ќе може да пружи висококвалитетни професионални услуги на заинтересираната поширока јавност.
Образовни цели на последипломските студии од Монетарна економија, финансии и банкарство се:
Професионални цели на последипломските студии од Монетарна економија се:
Студиската програма е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во областа на монетарната политика, банкарството и финансиите. Студентите по завршувањето на студиите од вториот циклус ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:
Содржината на предметните програми е усогласена и структуирана според современите потреби на општеството за создавање на висококвалитетен кадар кој успешно ќе се справи со предизвиците во областа на финансиите и банкарството. Со стекнатите знаења, вештини и компетенции магистрираните студенти на оваа студиска програма ќе бидат во состојба да одговорат на актуелните барања на финансиската, а особено банкарската професија наметнати со забрзаната дигитализација и примена на технологиите и вештачката интелегенција кои во последните години со брзо темпо ја менуваат целината на знаења кои треба да ги поседуваат членовите на професијата.
По комплетирање на програмата, магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување во финансиските и истражувачките оддели во најразлични приватни и државни институции, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од финансии, банкарство, макроекономски политики, даноци и слично.
Последипломските студии по Монетарна економија, финансии и банакрство се организирани во два семестри, при што вклучуваат и изработка на магистерски труд.
Структура на предметите:
Од понудените изборните предмети, студентите треба да изберат вкупно 7(седум) предмети, и тоа: 6 (шест) предмети од студиската програма плус еден предмет од листата на УКИМ.
Во првиот (зимски) семестар, студентите избираат 4 (четири) предмети од студиската програма плус 1 (еден) предмет од листата на УКИМ.
Во вториот (летен) семестар, студентите бираат 2 (два) предмета од студиската програма.
Студиите се завршени ако студентот освоил најмалку 60 кредити според ЕКТС.
Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Цели
Образовни цели на последипломските студии од Монетарна економија се:
Професионални цели на последипломските студии од Монетарна економија се:
Понатамошни студии
Студентите можат да се запишат на докторски студии.
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
MFB 511 | Јавни финансии | 40 | 7 | Сузана Макрешанска Младеновска |
MFB 514 | Меѓународни финансии | 40 | 7 | Горан Петревски |
MFB 518 | Финансии на корпорации | 40 | 7 | Сашо Арсов |
MFB 519 | Инвестиционен менаџмент | 40 | 7 | Владимир Филиповски |
MFB 512 | Современи монетарни концепции | 40 | 7 | Трајко Славески |
MFB 5193 | Портфолио менаџмент | 40 | 7 | Владимир Филиповски |
MFB 5191 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | 40 | 7 | Ѓорѓи Гоцков |
MFB 513 | Монетарен систем и политика | 40 | 7 | Кирил Јовановски |
УКИМ | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 10 | 2 |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
MFB 516 | Финансиски пазари | 40 | 7 | Кирил Јовановски |
MFB 517 | Монетарна анализа | 40 | 7 | Ѓорѓи Гоцков |
MFB 5192 | Управување со ризиците во финансиските институции | 40 | 7 | Горан Петревски |
MFB 5194 | Емпириски финансии | 40 | 7 | Горан Петревски |
MFB 515 | Банки и банкарски системи | 40 | 7 | Елена Наумовска |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани