iKnow  |  Announcements  |  e-Mail |  Library  |  DMS  | Alumni  | Contacts |

Дејност на факултетот

Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.

Во текот на 63-годишното постоење, факултетот развил извонредно богата дејност во неколку области:

  • Додипломски студии (прв циклус студии)
  • Последипломски студии (втор циклус студии)
  • Докторски студии (трет циклус студии)
  • Научноистражувачка работа (фундаментални, развојни и применети, домашни и меѓународни проекти)
  • Издавачка дејност (учебници, зборници на трудови, монографии, научни и стручни книги, итн.)

Мисија

Mисија на Економскиот факултет е обезбедување континуирано образование на високостручен кадар способен компетентно да решава проблеми, да им излегува во пресрет на предизвиците на новиот милениум и да ја зајакнува конкурентноста на претпријатијата на европско и меѓународно ниво, преку висококвалитетни програми од бизнис и економија. Факултетот, исто така обезбедува професионални услуги и истражувања за претпријатијата и јавниот сектор. Во тој контекст, Факултетот е лидер на национално ниво и постојано ја јакне својата репутација на меѓународно ниво.

Визија

Во текот на следната деценија, Факултетот има амбиција:

• да ја задржи лидерската позиција во образованието од областа на економијата и бизнисот во Република Македонија

• да се најде помеѓу првите пет институции од ваков карактер во регионот на Југоисточна Европа

• своите предметни програми уште повеќе да ги доближи кон потребите на стопанството и јавниот сектор и да ја зајакне соработката со истите

• да ја зајакне сопствената соработка со реномирани странски универзитети

• да го даде својот целосен придонес во процесите на меѓународно интегрирање на македонското стопанство и на земјата како целина

• да се стекне со меѓународна акредитација

Суштински вредности

Во своите планови и во извршувањето на сопствената дејност, Факултетот поаѓа од следниве суштински вредности:

• Поттикнување на иновативноста и континуирано подобрување на квалитетот во наставата и истражувачко-апликативните активности со употреба на најсовремена наставна техника;

• Обезбедување мултикултурно милје со почитување на различностите на секоја етничка група;

• Следење на промените и потребите на стопанството и државната администрација;

• Постојано иновирање на наставниот план со воведување нови програми и насоки;

• Непристрасност, објективност и транспарентност и почитување на високите етички норми;

• Слобода на креативноста и изразувањето на сопствените гледишта во врска со општествените појави и процеси;

• Овозможување стимулативна атмосфера за индивидуален професионален развој;

• Изградување на сопствена препознатливост во земјата и во странство

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.