АЛУМНИ на Економскиот факултет-Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Почитувани,
Добредојдовте на страната на АЛУМНИ на Економски факултет, УКИМ Македонија – мрежа во која можат да се регистрираат и зачленат сите кои дипломирале, магистрирале или/и докторирале на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Алумни мрежата има за цел да ги поврзе сите генерации студенти, создавајќи платформа за континуирана соработка и развој. Со оваа мрежа, поранешните студенти ќе можат да останат во контакт со своите соученици, да споделуваат искуства и знаења, и да се вклучат во разни професионални и општествени активности. Покрај тоа, мрежата ќе овозможи тековните студенти да добијат поддршка и менторство од алумни, што ќе придонесе за нивниот личен и професионален раст. На тој начин, оваа мрежа ќе ги поврзе сите генерации студенти на Економскиот факултет-Скопје со цел остварување заедничка континуирана соработка која ќе почива на цврсти темели и ќе придонесе за развој како на членовите на АЛУМНИ мрежата, така и на самиот Факултет и бизнис заедницата во целост.
Алумни мрежата е формирана со визија да развие силно чувство на припадност кон Економскиот факултет-Скопје кај сегашните и поранешните студенти преку најразлични активности и тоа:
Зголемени можности за професионален развој, менторство и вмрежување.
Платформа за враќање и поддршка на факултетот, како и за продолжување на личниот и професионалниот развој.
Подобра соработка со алумните и бизнис заедницата, што ќе овозможи поголем успех во образовните и истражувачките активности.
Пристап до талентирани студенти и можности за соработка со факултетот и алумните.
Со оваа мисија и визија, алумни мрежата на Економскиот факултет-Скопје ќе игра клучна улога во создавањето интегрирана и успешна заедница која ќе придонесува за развојот на сите нејзини членови.
Со зачленувањето се збогатува најголемото семејство на економисти во земјата. Алумни мрежата не само што ќе придонесе за личен и професионален напредок на своите членови, туку и ќе го зајакне Економскиот факултет-Скопје и бизнис заедницата во целост, преку професионално вмрежување.
Регистрирањето во системот на АЛУМНИ е доброволно и може да се направи on-line (https://bit.ly/4c517qu).
Уверени сме дека АЛУМНИ ќе предизвика интерес и ќе наиде на голем одзив кај нашите поранешни студенти, единствените кои ќе ја имаат привилегијата и честа да бидат регистрирани во системот на АЛУМНИ.
Ве покануваме да се регистрирате, да ја споделите информацијата за АЛУМНИ со Вашите контакти и да ни помогнете со заеднички сили да делуваме во насока на промовирање на веќе докажаното реноме на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани