Катедра за Менаџмент
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 10 -12h
Среда: 13 - 15h
Тихона Божиновска е родена на 08.04.1990 година во Скопје. По завршувањето на средното образование во СУГС гимназија „Никола Карев“ во Скопје, се запишува на Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломирала во 2012 година со просечна оцена 10,00 на студиската програма Менаџмент. Во текот на студиите била повеќепати наградувана и тоа:
Во 2014 година ги завршува и магистерските студии на Економски факултет – Скопје, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со одбрана на магистерскиот труд под наслов: „Влијанието на независноста на одборот на директори врз корпоративното управување“ и се стекнува со стручен назив: магистер на економски науки во областа на МБА-Менаџмент. Испитите од втор циклус студии на МБА-Менаџмент ги положила со просечна оцена 10,00. Во моментот е студент на трет циклус на студии.
Покрај академското образование, м-р Тихона Божиновска реализирала и обука за Office management, како и учество на 22nd Summer School on Advanced Methods in the Social Sciences, одржана во Лугано, во август 2018 година.
Во периодот помеѓу декември 2014 година и јануари 2016 година била ангажирана како волонтер, а потоа и како демонстратор на Катедрата за менаџмент на Економски факултет – Скопје. Подоцна својата професионална кариера продолжува да ја гради во приватниот и корпоративниот сектор во нашата земја. Во ноември 2021 година, м-р Тихона Божиновска е избрана во соработничко звање асистент во научна област: бизнис-менаџмент и станува дел од Катедрата за Менаџмент на Економски факултет – Скопје.
Дополнително, Божиновска се јавува како автор или коавтор на четири (4) научни трудови и била дел од научно-истражувачкиот проект насловен „Корпоративното управување во трговските друштва во Република Македонија“ реализиран во периодот 2012-2013 година од страна на Економски факултет-Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани