
Катедра - Надворешна трговија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 11 -13h
Петок: 11 - 13h
Јасна Тоновска е родена на 25 февруари 1989 година во Скопје. Доцент е на Катедрата за надворешна трговија на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, каде е вработена од јануари 2021 година и избрана во актуелното звање во април 2026 година.
Целокупното универзитетско образование го завршила на Економскиот факултет – Скопје. Дипломирала на студиската програма Финансиски менаџмент со просечна оцена 9,84, како трет најдобар студент на генерацијата и со признание за најдобра дипломска работа. Магистрирала на студиумот Монетарна економија, финансии и банкарство со теза посветена на ефектите и предизвиците на еврото за македонската економија. Магистерските и докторските студии ги завршила со просечна оцена 10.
Пред академската кариера, осум години работела во Народната банка на Република Северна Македонија – Отсек за движења во надворешниот сектор – каде директно учествувала во подготовката на редовни проекции на билансот на плаќања, анализа на меѓународната инвестициска позиција, оценка на одржливоста на надворешниот долг и следење на реалниот ефективен девизен курс. Паралелно, се усовршувала низ специјализирани програми во Меѓународниот монетарен фонд, Банката на Франција, Националната банка на Швајцарија и Здружениот виенски институт, од областа на управување со меѓународните текови на капитал, надворешните ранливости и макроекономската дијагностика.
Докторирала во април 2025 година со дисертацијата „Волатилни меѓународни текови на капитал: двигатели, ефекти и политики” – истражување кое ги анализира детерминантите, макроекономските ефекти и политиките за управување со волатилноста на меѓународните текови на капитал. Емпириската анализа е спроведена на широк меѓународен примерок на развиени и економии во развој, со примена на напредни економетриски техники, воведувајќи аналитичка рамка која ги интегрира детерминантите поврзани со дигиталната и финансиска инфраструктура.
Народната банка на Република Северна Македонија и доделила прва награда за млади истражувачи за 2025 година во областа на макроекономијата и банкарството за трудот „Волатилноста на меѓународните финансиски текови: импликации за македонската економија.”
Автор е на над 30 научни труда, вклучувајќи публикации во списанија индексирани во Web of Science, Scopus и EBSCO. Редовен учесник е на меѓународни конференции и добитник на признание за најдобар труд на EMAN 2022. Активно учествува во меѓународниот истражувачки проект USE IPM (Horizon WIDERA 2022). Во 2022 година е стипендист на програмата Go Styria за едномесечен студиски престој на Универзитетот во Грац.
На Економскиот факултет го вовела и го предава предметот Транснационални компании и глобалната економија на департманот Меѓународна трговија.
Нејзините истражувачки и наставни интереси се во областа на современата меѓународна економија – транснационални компании, глобални синџири на вредност, и дигитална трговија.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани