Катедра за Маркетинг
nikolina.palamidovska-sterjadovska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-854
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 11:00 – 13:00 ч.
Четврток: 09:00 – 11:00 ч.
Николина Паламидовска-Стерјадовска дипломирала на Економскиот факултет-Скопје во 2006 год. на департманот по маркетинг, со просечен успех 9,52. Добитник е на наградата Frank Manning за најдобар студент на Економски факултет-Скопје за завршни студии во учебната 2005/2006 година. Во мај 2011 година, магистрирала на Економски факултет-Скопје на тема: “Модели за мерење на задоволството на потрошувачите како предуслов за градење долгорочни односи”. Во ноември 2013 година, на Економскиот факултет-Скопје, ја одбрани својата докторска дисертација на тема: “Влијанието на квалитетот на услугата врз финансиските перформанси на компаниите: емпириско истражување на банкарскиот сектор во Република Македонија”. Вработена е на Економски факултет-Скопје од 2007 година, каде што во моментот работи како вонреден професор на катедрата по маркетинг. На прв циклус студии ги предава предметите Маркетинг истражување и Односи со јавноста, а активно е вклучена и на студиите од втор циклус и трет циклус. Главни области на истражување й се применето маркетинг истражување, истражување на комуникациите на компаниите, истражување на однесувањето на потрошувачите, задоволство на потрошувачите и квалитет на услугата.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
---|---|---|
Маркетинг истражување | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Односи со јавноста | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Маркетинг истражување | Маркетинг, Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Научни проекти
“Развивање национален индекс на задоволство на потрошувачите во Република Македонија”, Национален проект финансиран од УКИМ, 2015 (раководител на проектот).
Стучни студии
Економска студија на пазарот на електронски комуникации во Република Македонија, октомври-ноември 2014.
Студиски престои
Студиски престој на Економски факултет-Загреб на Универзитет во Загреб, во периодот од 29.9.2015 до 2.10.2015.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани