Катедра за Финансии
gjorgji.gockov@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286 903
Приемно време:
Понеделник 10:00 – 12:00
Вторник 12:00 – 14:00
Среда 12:00 – 14:00
Ѓорѓи Гоцков е роден на 7.6.1973 година во Валандово. Во 1997 година успешно ги завршува студиите и дипломира на Економскиот факултет Скопје на отсекот Деловна (Бизнис) економија, насока Финансиско-сметководствен менаџмент.
Во јуни 2009 година успешно ги завршува постдипломските студии од областа на Монетарната економија и се стекнува со научно звање – магистер по економски науки од областа на монетарната економија. Насловот на магистерскиот труд беше “Методологија за следење и анализа на финансиските текови во Република Македонија”.
Во декември 2011 година успешно ја одбранил докторската дисертација под наслов “Интегрирани макроекономски сметки и случајот на Република Македонија“, со што се стекнал со титулата (научен степен) – доктор на економски науки.
На почетокот на 1999 година се вработува во Народната банка на Република Македонија во Дирекцијата за истражување. Во 2003 година работи во Министерството за финансии како раководител на Секторот за макроекономска и развојна политика на националната економија. Во 2004 година, со реорганизацијата на Народната банка, е именуван за директор на новоформираната Дирекција за статистика.
Како претставник од Народна банка, во периодот 2006-2009 беше член во Irving Fisher Комитетот за статистика на централните банки во рамки на Банката за меѓународни порамнувања (BIS) во Базел. Исто така, во тој период беше член и на Комитетот за монетарна, платно билансна и финансиска статистика на ЕУРОСТАТ во рамки на Европската комисија. Во периодот 2007-2009 година беше член на Советот на Државниот завод за статистика.
На крајот на 2009 година е избран за помлад асистент по група предмети од областа на финансиите на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“. Во звањето вонреден професор по предметите Банкарство и Фискален и монетарен систем на ЕУ е избран во декември 2016.
Учествувал на повеќе семинари, обуки, курсеви, работилници и конференции од областа на макроекономијата и статистиката во организација на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка, ЕУРОСТАТ и централни банки на повеќе развиени земји. Автор е на повеќе трудови од истражувачката дејност од областа на макроекономијата и финансиите.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети: | Насоки | Степен |
Банкарство |
| Прв циклус на студии |
Фискална и монетарна политика во ЕУ |
| Прв циклус на студии |
Монетарна анализа |
| Втор циклус на студии |
Монетарна и фискална политика во ЕУ |
| Втор циклус на студии |
Современи финансиски аспекти во осигурувањето |
| Втор циклус на студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани