Предраг Трпески

Декан

професор д-р Предраг Трпески


е-пошта:

dekan@eccf.ukim.edu.mк

predrag.trpeski@eccf.ukim.edu.mk

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје Економски факултет – Скопје е најпрестижната високообразовна институција во високото образование, лидер во образованието на кадри од областа на економијата и бизнистот во Р.Македонија. Економскиот факултет – Скопје е основан со Уредба на Владата на Народна Република Македонија од 14.11.1950 година, како петти Факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ Скопје.
Со понудата на најсовремени образовни програми од областа на економијата и бизнисот, пренесени од компетентен и стручен кадар, во богато опремени библиотеки, компјутерски лаборатории и истражувачки центри, посакуваме нашите студенти да бидат дел од препознатливото, но, пред сe, единствено интелектуално и социјално окружување за кое Економскиот факултет од Скопје дава свој активен придонес. Во оваа смисла, Економскиот факултет од Скопје и понатаму ќе ги развива врските со сите релевантни чинители на општеството, а посебно со бизнис – заедницата, за да може и во иднина да нуди квалитетни студиски програми од областа на економските и организациските науки и да создава високообразовани кадри подговтени за успешно справување со предизвиците што ги наметнува сe посложената констелација на односи во динамичното окружување.

Деканот на Факултетот ги извршува следните функции:

  • го застапува и претставува Економскиот факултет;
  • го организира и управува работењето на Факултетот;
  • ги предлага и спроведува развојната стратегија и деловната политика;
  • ги извршува одлуките на Наставно-научниот совет

На Деканот на Факултетот, во неговата работа, му помагаат три продекани:

  • продекан за настава,
  • продекан за финансии и
  • продекан за наука и меѓународна соработка
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.