Центар за економски истражувања (ЦЕИ)

Центарот за економски истражувања (ЦЕИ) е организациска единица во рамките на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работата на ЦЕИ ја поддржува и Советодавен одбор составен од еминентни претставници од јавниот и приватниот сектор и од меѓународните институции и организации присутни во Македонија.

Мисија

Да ги зајакне и поддржи пазарно ориентираните реформи во Македонија, со цел поефикасно спроведување на евро-интегративните процеси на земјата, како и да им пружи активна помош на македонските компании во создавањето и унапредувањето на нивните конкурентски предности.

Визија

Јакнење на улогата на ЦЕИ како водечки центар за истражување на макроекономските и микроекономските проблеми на општествено-економскиот развој на Македонија.

Активности

Во рамките на ЦЕИ се опфаќаат следните активности:

  • истражување и анализа на значајни општествено-економски проблеми и феномени
  • изработка и реализација на научно-истражувачки и развојни проекти, од следните видови:
  • ТЕМПУС, ЕРАСМУС, ФП7
  • проекти во соработка на странските амбасади во Македонија
  • проекти од ИПА фондовите
  • проекти од меѓународни организации (УНДП, УСАИД, ГТЗ, и сл.)
  • проекти во соработка со министерства, агенции, фондови и други државни институции
  • проекти во соработка со стопанските комори и синдикатите
  • проекти во соработка со приватниот сектор (менаџмент, маркетинг, сметководство, финансии, е-бизнис и останати консултанстки услуги)
  • консултантска дејност
  • конференции, семинари, работилници, обуки и останати активности (макро и микроекономски анализи, менаџмент и маркетинг активности, поддршка на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ)

Контакт

Проф. д-р Кирил Јовановски
Раководител на ЦЕИ
Телефон: 02-3286 886
е-пошта: kiril.jovanovski@eccf.ukim.edu.mk

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.