Единствен пазар на ЕУ

Наслов на наставниот предмет

Единствен пазар на ЕУ

Код

 INT 320

Наставник

Доц. д-р.Eлена Макревска Дисоска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да прават јасна дистинкција на карактеристиките и на функционирањето на царинската унија од оние на заедничкиот пазар на ЕУ;
  • Да  ја  разберат неопходноста од елиминирање на сите квалитативни, квантитативни и останати мерки со еквивалентен ефект, од една страна, и на меѓусебно признавање на техничките стандарди, од друга страна, за обезбедување на слободно движење на стоките во ЕУ;
  • Да ја разберат специфичноста на сферата на услугите, можноста за примена на принципот на недискриминација и потребата од исклучоци од општите правила за зачувување на интегритетот и спецификите на услугите од јавен национален интерес со едновремено обезёбедување на целосното функционирање на правилата на Единствениот пазар на ЕУ
  • Да ја разберат потребата за усогласување на даночната и на фискалната сфера како предуслов за сл ободно движење на капиталот во ЕУ;
  • Да прават разлика меѓу слободното движење на работната сила и слободното движење на физички лица на Единствениот пазар на ЕУ.

Содржина на предметната програма: 

Предметот има за задача јасно да го разграничи функционирањето на Заедничката надворешнотрговска политика на ЕУ како стожер на царинската унија од четирите економски слободи: Слободното движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила во рамките на Единствениот пазар на ЕУ. Секоја од четирите слободи е заснована на одделна правна регулатива која проникнала врз основа на решените случаи од практиката на Европскиот суд на правда. Со оглед на нивната специфичност и засебноста на правните извори, секоја од одделните законски рамки врз кои се заснова слободното движење на стоки, услуги, капитал и на работна сила се разгледува одделно, за на крај да се стекне вистинска слика за сложеноста на системот и на неговите носители во рамките на Европската унија.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.