Макроекономија

Наслов на наставниот предмет

Макроекономија

Код

ECN 210

Наставник

Проф. д-р Трајко Славески

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Го разберат функционирањето на економијата како целина. Во овие рамки од особен интерес се прашањата за економскиот растеж (како и дали една сиромашна земја може да стане развиена), деловните циклуси (зошто пазарните економии се подложни на флуктуации), вработеноста и невработеноста, движењето на цените и други важни варијабли, како што се каматните стапки, цените на акциите и девизните курсеви. Сите овие фактори ги детерминираат нивоата на производството, доходот, вработеноста и цените. Иако како поединци немаме контрола врз макроекономијата, со изучување на макроекономијата како дисциплина можеме да разбереме на кој начин таа влијае врз нашите можности и нашиот избор. Ова значи дека познавањето на макроекономијата може да биде многу корисно не само во процесот на донесување на одлуки при водењето на макроекономската политика, туку и во водењето на сопствениот бизнос или раководењето со некоја поголема компанија или финансиска институција.
  • Да ги разберат дискусиите и јавните дебати кои се водат во медиумите. Како ангажирани граѓани, користејќи ги придобивнките на демократскиот процес студентите, кога ќе почувствуваат за потребно можат да изнајдат начин за сопствено вклучување во овие дебати Со користење на правото на глас, како едно од најважните човекови права, ја избираме сопствената влада со што индиректно учествуваме во спроведување на макроекономската политика. Писменоста во областа на макроекономијата овозможува разликување на кандидатите кои што би можеле да бидат добри макроекономски менаџери од оние кои што ветуваат многу повеќе од она што можат да остварат.

Содржина на предметната програма:

Макроекономијата се занимава со изучување на агрегатните економски варијабли, односно функционирањето на економијата како целина. Таа оперира со следниве концепти: агрегатно производство (аутпут) на стоки и услуги, стапки на инфлација и невработеност, платен биланс и девизни курсеви. Макроекономијата подеднакво го изучува долгорочниот економски растеж и краткорочните економски флуктуации кои го чинат деловниот циклус. Макроекономијата се фокусира врз економското однесување и политики кои влијаат врз потрошувачката и инвестициите, вредноста на националната валута и трговскиот биланс, детерминантите на промените во платите и цените, монетарната и фискалната политика, понудата на пари, државниот буџет, каматните стапки и националниот долг. Накратко, макроекономијата ги изучува најсуштествените економски прашања и проблеми од секојдневниот живот.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.