Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на информациони системи |
Код | MGT 320 |
Наставник | Доц. Д-р Никола Левков |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Да можат да ја разберат поврзаноста на инфроамциската револуција, дигиталната и мрежно поврзаната економија · Да ја разберат улогата на информациите и информационата технологија во унапредување на конкурентската предност на компаниите · Да бидат способни да развијат информациска стратегија во согласност со бизнис стратегијата на компанијата · Да знаат да управуваат со инфраструктурата и архитектурата на информациската технологија · Да можат да го разберат функционирањето на дигиталните пазари и електронската трговија · Да се запознаат со современите бизнис апликации како: системи за управување со синџирот на снабдување, системи за управување со односите на клиентите, системи за планирање на ресусрсите Да се запознаат со различните видови на информациски системи кои го подржуваат менаџмент одлучувањето низ организациската хиерархија како: системи за процесирање на транскации, менаџмент информациски системи, системи за подршка на одлучување, експертни системи и системи за подршка на извршната власт. · Да бидат способни да ги анализираат и идентификуваат информационите потреби и истите да ги преведат во дизајн на информациски систем. · Да бидат способни да развијат издржан бизнис случај за развој на нови проекти во доменот на информациските системи · Да бидат способни да управуваат со проектите за развој на ифнроамциските системи · Да бидат способни да ги евалуираат вредносните аспекти на информациите, информационите системи и информационата технологија · Да бидат способни да ги разберат етичките и безбедносните аспекти на информационите системи · Да можат да ги препознаат идните трендови во општеството и економијата како резултат на развојот на информационата технологија | |
Содржина на предметната програма: Предметот им дава знаење на студентите за: · Информациска револуција – основа на дигиталната и мрежно поврзаната економ ија · Стратегиска улога на информационите системи во глобалниот бизнис · Информациони системи, организација и стратегија · Менаџмент со инфраструктурата и архитектурата на информациската технологија · Клучни системски апликации за дигиталната ерa · Електронска трговија, дигитални пазари и дигитални производи · Менаџмент на знаење, бизнис разузнување и донесување на одлуки · Етички и безбедносни аспекти на информационите системи · Економика на информационите системи · Менаџмент со проекти на информационите системи · Системска анализа и дизајн на информационите системи · Развој на информационите системи. · Влијание на развојот на информационата технологија врз индивидуите, организациите и општеството |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани