Менаџмент на набавки

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на набавки

Код

EBU 350

Наставник

Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел  на  предметната програма Менаџмент на набавки е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот на набавки и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот на набавки, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.Позавршувањетонанаставатаиположувањетонаовојпредмет,студентитетре бадабидат способни:

·       да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот на набавки;

·       да ги применат потенцијалите на информациските технологии за поддршка на процесот на н абавките;

·       да го оптимизираат процесот на набавките;

·       да ја разберат важноста на набавките како критичен елемент на синџирот на снабдување и нивната главна улога во максимизирање на вредноста и интегрирање на активностите на синџирот на снабдување;

·       да применуваат квантитативни методи во процесот на набавките.

Содржина на предметната програма:

Предметот Менаџмент на набавки се концентрира на развојот на потребните компетенции, како збир на знаења, вештини и ставови, неопходни за извршување на активностите во доменот на управувањето со набавките, како што се:процес на набавки; примена на ИКТ во набавките; електронски набавки; употреба на квантитативни методи во процесот на набавки; оптимизација на набавки; јавни набавки; стратегиски набавки; аутсорсинг; организација и управување со набавките; евалуација и избор на добавувачи; односи со добавувачи.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.