Меѓународно сметководство

Наслов на наставниот предмет

Меѓународно сметководство

Код

АCC 410

Наставник

Проф. д-р Зоран Миновски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да стекнат:

  • Знаење поврзано со развојните трендови на сметководството во меѓународни рамки;
  • Знаење  за  процесите  на  усогласување  на  сметководствената  практика  и факторите кои влијаат врз усогласувањето на финансиското известување;
  • Знаење за сметководствените практики на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Кина и др;
  • Познавање на регулативната рамка на финансиското известување во Европската унија;
  • Познавање на концепциската рамка на Меѓународните стандарди за финансиско известување;
  • Знаење за позначајните подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување поврзани со преведувањето на странските валути, деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, сегментираното известување, заедничките вложувања и др.

Содржина на предметната програма:

  1. Развојни трендови на сметководството во меѓународни рамки;
  2. Позначајни обележја на сметководствените системи на некои земји (САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Германија, Јапонија, Кина);
  3. Облици на меѓународното финансиско известување;
  4. Позначајни подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување (при преведувањето на странските валути, при деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, при сегментираното известување, при заедничките вложувања и др.).

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.