Теории на надворешната трговија

Наслов на наставниот предмет

Теории на надворешната трговија

Код

 INT 230

Наставник

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба:

  • Да проникнуваат во разликите на одделните и спротивставените теоретски концепции и нивните последици за развојот на меѓународната трговија, по одделните земји и по севкупниот развој;
  • Да владеат со аналитичко-критичка апаратура за анализа на различните теоретски концепции и способност во ралични услови да пронајдат врска меѓу развојот на меѓународната размена и валидната теоретска концепција;
  • Да имаат изградено објективен пристап кон различните теоретски концепции и способност да сугерираат сет на економски мерки и инструменти за валидна економска политика во дадени околности врз основа на способност да користат компаративна анализа и приод.

Содржина на предметната програма: 

Целта на предметот е да се запознаат студентите со развојот на теоретската мисла низ економската историја за надворешната трговија, зошто нациите тргуваат, што е тоа надворешно-трговски импулс и од каде произлегува. Низ историјата, значењето и местото на надворешната трговија се менуваат и оттаму погледите и теоретските концепции еволуираат од меркантилизмот, преку преферирањето на слободната трговија, до појава и апликација на протекционизмот, современи форми на интервенционизмот и некои нови приоди кон теоријата за надворешна трговија. Теоретските пристапи се одраз на времето во кое настанале и значењето на надворешната трговија кое се придава што е од особено значење за секоја земја во ерата на форсирањето на либерализацијата и глобализацијата. Оттаму пристапот кон тие прашања на земја со особено мала и отворена економија е круцијален за градењето на конзистентна економска политика со цел пооптимално вклучување во меѓународните текови и извлекување користи од истите.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.