Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на информациони системи

Код

MGT 514

Наставник

Доц. д-р Никола Левков

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ја разберат улогата и значењето на информацијата како ресурс во менаџментот на организацијата и бизнис процесите во претпријатијата
  • да ја разберат улогата на знаењето како ресурс во организацијата 
  • да  учествуваат и да водат мултидисциплинарни тимови за развој на информациони системи составени од аналитичари, дизајнери и корисници 
  • да можат независно да ги согледаат економските последици од избор на конкретен информационен систем
  • да развиваат стратегија за информациони системи во согласност со постојната бизнис стратегија на претпријатијата
  • да ја развиваат организацијата во која ќе работат во правец на организација која учи, односно организација базирана на знаење

 

Содржина на предметната програма: 

Предметот им дава знаење на студентите за: 

1.       Информациска револуција (Нематеријалните ресурси–основа на информациското општество)

2.       Системско дизајнирање (Системско мислење и системски пристап)

3.       Системска анализа

4.       Иформација (Концепти за дефинирање на информацијата, Семантикчки правила, пренос на информациите, Квалитет на информацијата)

5.       Информациони системи (Човекот како информационен систем,

Информационите системи во организацијата)

6.       Менаџмент на знаење

7.       Информациони системи и организацијата

8.       Организација на процесот на комуницирање на информацијата

9.       Менаџмент и информациони системи (Ентропија, Информација, Менаџмент, Информациони системи и нивоа на менаџмент, Информациската димензија во процесот на менаџмент, Оптимален менаџмент,)

10.   Економика на информационите системи

11.   Елементи на стратегијата за изградба и развој на информационите системи

12.   Дизајнирање на нови информацони системи

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.