Наслов на наставниот предмет

Економија на јавниот сектор

Код

 PSM 511

Наставник

Проф. д-р Љубомир Кекеновски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Се стекнат со ново знаење за местото,улогата и застапеноста на јавниот сектор во економската структура на современите економии;
  • Аргументираат за резоните за егзистенција на јавниот сектор (неуспехот на пазарот);
  • Го разберат неуспехот на државата (владата);
  • Вршат анализа на програмските пристапи во буџетирањето;
  • Фокусираат врз финансирање на јавниот сектор, дефицитите и нивните економски импликации.

Содржина на предметната програма: 

  1. Јавниот сектор во современите економии;
  2. Јавниот сектор во Република Македонија;
  3. Пазарната versus државната (владината) алокација на ресурсите;
  4. Пазарниот неуспех (постоење на монополи, нерамномерна и социјално неприфатлива распределба на доходот, јавни добра, екстерналии, асиметрични информации, макроекономска нестабилност) и државната регулација;
  5. Неуспехот навладата;
  6. Обезбедувањето на јавни добра;
  7. Анализа на Владините програми на потрошувачка (здравство, одбрана, социјално осигурување, образование);
  8. Оданочување-микроекономските аспекти на даноците;
  9. Дефицитите, јавниот долг и нивните економски импликации.

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.