Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Одлука за рокови за студиски програми на втор циклус

Монетарна економија, финансии и банкарство - едногодишни

Раководител: проф. д-р Елена Наумовска

Секретар: проф. д-р Кирил Јовановски

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

 Цел на студиската програма на втор циклус студии – монетарна економија, финансии и банкарство е континуирана едукација на високообразован и компетентен кадар кој ќе има севкупни и длабоки познавања за монетарната политика и финансиите и кој ќе може да пружи висококвалитетни професионални услуги на заинтересираната поширока јавност.

 Образовни цели на последипломските студии од Монетарна економија, финансии и банкарство се:

  • Образование на кандидатите за анализа на макроекономските текови и движења и за работа во областа на макроекономската политика;
  • Образование на кандидатите за разбирање и анализа на меѓународните економски односи и суштината на меѓународното финансирање на бизнисот;
  • Да се обучат кандидатите за управување со финансиските институции, како и за анализа на хартиите од вредност и управувањето со портфолиото;
  • Изучување на прашањата поврзани со финасискиот менаџмент, т.е. финансирањето на корпорациите;
  • Изучување на проблемите на јавните финансии во две подгрупи: првата, фискалната политика (јавните приходи и управување со расходите) и втората, оданочувањето, структурата на даночниот систем, видовите на даноци и нивните карактеристики.

Професионални цели на последипломските студии од Монетарна економија се:

  • Образование на високо стручен професионален кадар со лидерски способности за работа во финансиските институции и нефинансиските фирми;
  • Студиумот е ориентиран кон потребите на приватниот сектор (банките, небанкарските финансиски посредници и нефинансиските фирми со развиени финансиски сектори), а од друга страна, студиумот нуди и софистициран теоретско-методолошки инструментариум за потребите на научно-истражувачките институции и носителите на економската политика.

Студиската програма е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во областа на монетарната политика, банкарството и финансиите. Студентите по завршувањето на студиите од вториот циклус ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:

  • менаџери на различни нивоа во банки,
  • менаџери на различни нивоа во приватни пензиски фондови,
  • менаџери на различни нивоа во друштва за осигурување,
  • портфолио-менаџери во инвестициони фондови,
  • финансиски менаџери во трговски друштва,
  • наставници и истражувачи во приватни и јавни универзитети и институти,
  • вработени во регулаторни органи (НБРМ, ККХВ, МАПАС, итн.),
  • аналитичари во приватни консалтинг и аналитички куќи,
  • вработени во јавната администрација (владата, министерствата, локалната самоуправа, јавните фондови, јавните претпријатија).

Содржината на предметните програми е усогласена и структуирана според современите потреби на општеството за создавање на висококвалитетен кадар кој успешно ќе се справи со предизвиците во областа на финансиите и банкарството. Со стекнатите знаења, вештини и компетенции магистрираните студенти на оваа студиска програма ќе бидат во состојба да одговорат на актуелните барања на финансиската, а особено банкарската професија наметнати со забрзаната дигитализација и примена на технологиите и вештачката интелегенција кои во последните години со брзо темпо ја менуваат целината на знаења кои треба да ги поседуваат членовите на професијата.

По комплетирање на програмата, магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување во финансиските и истражувачките оддели во најразлични приватни и државни институции, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од финансии,  банкарство, макроекономски политики, даноци и слично.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.