Важна информација
Почитувани,
во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК
Во февруари 2010 година, Универзитетот Св. Кирил и Методиј го донесе новиот Правилник за докторски студии, според кој тие се организирани како тригодишни студии (шест семестри) и носат 180 кредити.
Притоа, во првите два семестра се изучуваат општи и посебни предмети, третиот семестар е наменет за подготовка на тезите за докторската дисертација, додека последните три сместри се наменети за изработка и одбрана на докторската дисератција.
На 28.02.2012 г. Одборот за акредитација донесе Решение за акредитација на Елаборат за организирање на трет циклус – докторски студии по:
– Економски науки
– Организациски науки и управување (менаџмент)
– Статистички методи за бизнис и економија
– Демографија
Прегледот на структурата на студиската програма може да се преземе (во изработка).
По јавната одбрана на докторскиот труд, студентите се здобиваат со звањето ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ (Ph.D.).
► Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии
Сите уплати поврзани со докторските студии по СТАРА ПРОГРАМА треба да се направат на следната сметка:
Примач: Економски факултет – Скопје
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник: 1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма: 723011 – 41
Цел на дознака: Уплата за одбрана на докторски труд по стара програма
КОНКУРС за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2014/2015 година
Дополнителни информации за конкурсот
Повеќе информации за докторските студии можете да добиете кај Кристина Савеска, референт за трет циклус на студии.
телефон: 02 3286 926 02 3286 829
email: kristina.saveska@eccf.ukim.edu.mk
1. М-р Огнен Фирфов
тема: „Влијанието на користењето на интернетот врз продуктивноста на претпријатијата во Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Љубомир Дракулевски
одбрана: 12.04.2019 година во 1330 часот, Економски факултет – Скопје
2. М-р Благој Серсемов
тема: „Нетрговски бариери во мултиратералниот трговски систем”
Ментор: Проф.д-р Ирена Кикеркова
одбрана: 11.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје
3. М-р Марија Пендевска
тема: „Влијанието на менаџментот на знаење врз развојот на иновативноста на претпријатијата во Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Благоја Ѓорѓијовски
одбрана: 13.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје
4. М-р Емилија Стојанова Ивановска
тема: „Управување со кредитниот ризик согласно Капиталната Спогодба Базел II – економетриски пристап ”
Ментор: Проф.д-р Весна Буцевска
одбрана: 24.06.2019 година во 1000 часот, Економски факултет – Скопје
5. М-р Катерина Бошевска
тема: „Економските ефекти од легалните и нелегалните начини за избегнување на оданочувањето”
Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски
одбрана: 25.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје
6. М-р Александар Николовски
тема: „Влијанието на фискалната политика врз економскиот раст и развој – осврт на случајот на Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Пеце Недановски
одбрана: 18.09.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје
7.М-р Александра Наќева Ружин
тема: „Финансиските конгломерати и потребата од интегрирана супервизорска рамка во Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски
одбрана: 03.01.2020 година во 1100 часот, Економски факултет – Скопје
8. М-р Томислав Шалваринов
тема: „Маркетинг микс-концептот во нафтената индустрија и истражување на побарувачката од нафта како главен енергенс во индустријата и нејзините деривати”
Ментор: Проф.д-р Снежана Р.Јовановска
одбрана: 13.01.2020 година во 0700 часот, Економски факултет – Скопје
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани