Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј"
Вториот циклус студии претставува значаен чекор во личниот и професионалниот развој на секој поединец. Во услови на постојано менување на пазарот на трудот и зголемена конкурентност, надградувањето на знаењата, стекнувањето нови вештини и здобивањето со академска титула магистер на науки не е само предност – тоа е неопходност. Магистерската титула ги отвора вратите кон повисоки позиции, поголема одговорност и остварување на долгорочни кариерни цели.
Инвестирај во себе! Избери квалитет! Избери го Економскиот факултет – Скопје!
| Студиска програма | Број на студенти | Траење (семестри) | Школарина (евра) | Школарина за странски државјани |
|---|---|---|---|---|
| Едногодишни студии | 385 | 2 | 2000/2500 | 3000/3750 |
| Сметководство и ревизија* | 40 | 2 | 2000 | 3000 |
| Економски развој и меѓународни финансии* | 20 | 2 | 2000 | 3000 |
| Е-бизнис менаџмент | 30 | 2 | 2000 | 3000 |
| МБА менаџмент | 40 | 2 | 2000 | 3000 |
| Монетарна економија, финансии и банкарство | 50 | 2 | 2000 | 3000 |
| Менаџмент во осигурувањето | 20 | 2 | 2000 | 3000 |
| Статистички методи за бизнис и економија | 25 | 2 | 2000 | 3000 |
| Управување со јавниот сектор | 40 | 2 | 2000 | 3000 |
| Корпоративен финансиски менаџмент | 40 | 2 | 2000 | 3000 |
| Европски економски студии | 20 | 2 | 2000 | 3000 |
| Маркетинг | 30 | 2 | 2000 | 3000 |
| Business administration in Strategic Human Resource Management* | 30 | 2 | 2500 | 3750 |
| Двогодишни студии | ||||
| Е-бизнис менаџмент | 15 | 4 | 3000 | 4500 |
Забелешка: Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
* Упис на студиските програми кај кои има ѕвездичка ќе се врши доколку до започнувањето на пријавувањето добијат решенија за почеток со работа.
| Прв рок | Втор рок* | |
|---|---|---|
| Пријавување на кандидатите | 1 до 16.10.2026 | 1 до 12.2.2027 |
| Запишување на кандидатите | 21 и 22.10.2026 | 17 и 18.2.2027 |
Право на конкурирање имаат кандидати што го исполнуваат општиот услов да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на Економскиот факултет.
Регистрирај се на upisi.ukim.mkПри пријавувањето за запишување на втор циклус студии, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани