Упис на зимски семестар 2026/2027

Информација за студенти на Втор циклус на студии (магистерски / специјалистички) – Економски факултет, Скопје

📅 24 – 30.9.2026 год.  •  12:00 – 14:00 часот

Почитувани студенти,

Ве информираме дека во системот iKnow е креиран зимскиот семестар 2026/2027 година и сите студенти кои се запишале во вториот уписен рок 2025/2026, или имаат предмети за презапишување во зимскиот семестар 2026/2027, пред да дојдат во службата треба задолжително да направат online упис.

Термин за упис: 24 – 30.9.2026 година, од 12:00 до 14:00 часот Служба за студентски прашања – Економски факултет, Скопје

Потребни документи за упис на зимски семестар 2026/2027

1

Образец за упис на семестар

2

Индекс

3

Статистички ВОИ 80А образец

Испечатен Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец. Доколку сѐ уште немате личен активен профил на платформата Е-услуги, треба да се регистрирате и да креирате личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги.

По креирањето профил, треба да се пополни образецот ВОИ 80А, од каде ќе добиете два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС, кои треба да се достават на денот на уписот.

Пополни образец ВОИ 80А на Uslugi.gov.mk →

QR код ВОИ 80А образец QR код до образецот
4

Уплата за упис на семестар

Во денарска противвредност по среден курс на Народна банка, за сите студенти кои се запишале на вториот уписен рок 2025/2026 и прв пат ќе запишат зимски семестар 2026/2027.

💶 500 евра
5

За студентите на MBA in Strategic Human Resource Management

Кои се запишале на вториот уписен рок 2025/2026 и прв пат ќе запишат зимски семестар 2026/2027, во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.

💶 750 евра

Начин на уплата (за точки 4 и 5)

Уплатата се врши на Образец ПП 50, со следните податоци:

Назив на примачотЕкономски факултет – Скопје
Банка на примачотНБРМ
Сметка100000000063095
Сметка на буџетски корисник1600103697 788 10
Приходна шифра и програма723019   41

Повикување на број – шифра на студиска програма

Во полето „Повикување на број – задолжување" од левата страна на уплатницата се внесува шифрата на студиумот:

723019 / 1Сметководство и ревизија
723019 / 2Европски студии
723019 / 4Маркетинг
723019 / 6Монетарна економија, финансии и банкарство
723019 / 8МБА Менаџмент
723019 / 9Економски развој и меѓународни финансии
723019 / 10Менаџмент во осигурувањето
723019 / 11Управување во јавен сектор
723019 / 12Статистички методи за бизнис и економија
723019 / 13Е-бизнис менаџмент
723019 / 14Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
723019 / 15Корпоративен финансиски менаџмент
723019 / 16MBA in Strategic Human Resource Management

Дополнителни уплати

7

Потврди за уплата

1.000 денари (прва рата) за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.

1.000 денари (прва рата) за набавка на online ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.

Трансакциска сметка за сите останати надоместоци
8

Презапишување на предмет

Надоместокот е еднаков на бројот на ЕКТС кредити на предметот, помножен по 33,33 € (во денарска противвредност), односно 41,6 € за MBA in SHRM, или 25 € за студентите на двегодишни студии.

Трансакциска сметка за сите останати надоместоци
9

Студенти со испити од летен семестар 25/26 во јануарска сесија

Треба да направат online упис на празен зимски семестар 2026/2027, со уплата на надомест од 1.000 денари на Факултетската жиро сметка.

Трансакциска сметка за сите останати надоместоци

Важни напомени

Важно! Доколку не сте биле активни во iKnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се смета за застарена и потребно е да креирате нова преку „Заборавена лозинка".

Напомена: Секое непочитување на дадениот термин повлекува надомест за задоцнет упис!

Со почит, Економски факултет – Скопје

За прашања и техничка поддршка: administrator@eccf.ukim.edu.mk