fbpx

Наслов на наставниот предмет

Економија на јавниот избор

Код

 PSM 513

Наставник

Проф. д-р Трајко Славески

Цели на предметната програма (компетенции):

  • Го продлабочат знаењето за теоретско-методолошките аспекти на теоријата на јавниот избор;
  • Ги идентификуваат принципите на донесувањето одлуки во јавниот сектор;
  • Вршат анализа на различни аспекти на теоријата на јавниот избор;
  • Се фокусираат на економијата на оданочувањето, буџетот и фискалниот процес;
  • Ги анализираат аспектите на управувањето со фискалната политика и фискалниот систем.

Содржина на предметната програма: 

  1. Теорија на јавниот избор во економската наука (конституционална економија);
  2. Развој на теоријата на јавниот избор;
  3. Економски и политички пазар. Јавни и приватни интереси;
  4. Донесување одлуки во јавниот сектор (едногласност, мнозински пристап, теоремата на Arrow за неможноста);
  5. Правила на играта и механизми на јавниот избор;
  6. Теорија на трошоците на политичкото (колективното) одлучување;
  7. Други аспекти на теоријата на јавниот избор;
  8. Јавни добра и јавни одлуки;
  9. Донесување одлуки за висината на даноците, јавната потрошувачка и трансферите;
  10. Економија на оданочувањето;
  11. Буџетот и фискалниот процес;
  12. Управување со јавниот долг;
  13. Анализа на фискалната политика;
  14. Фискални односи меѓу централната и локалната власт.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.