fbpx

Економски развој и меѓународни финансии – студиска програма 2017/2018

Последипломските студии на Економски развој и меѓународни финансии се организирани во три семестри, од кои во два семестри се организира настава, а во третиот се пријавува и се изработува магистерскиот труд. Студиите се состојат од 8 предмети за кои се организирани предавања, континуирана оценка и испитување на студентите. Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

Цели

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економскиот развој и меѓународните финансии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 Знаење и разбирање:

  • да им понуди на студентите знаења за современите текови на развој на макроекономијата и на теоријата на економскиот раст и развој;
  • оспособување на студентите да ги разбираат алтернативните можности за комбинирање на макроекономските политики во зависност од промените во макроекономското окружување;
  • да им овозможи на студентите разбирање на процесот на економски раст и развој и политиките и институционалните реформи за постигнување побрз раст и одржлив развој;
  • обезбедување современи знаења за тековите и механизмите на меѓународно финансирање на економскиот развој, пред се во земјите во развој, и нивното влијание врз Република Македонија;
  • разбирање на структурните, технолошките и институционалните промени во меѓународната економија и меѓународното бизнис окружување.

            Примена на знаењето и разбирањето:

  • способности за анализа и формулирање стабилизациони макроекономски политики;
  • способности за анализа и формулирање политики и реформи за забрзан економски раст и одржлив економски развој;
  • знаења применливи во контекст на градењето односи на Република Македонија со клучните меѓународни економски и финансиски институции.

            Способност за проценка:

  • способност за проценка на макроекономската ситуација и клучните макроекономски проблеми и приоритети на РМ;
  • способност за дијагностицирање на промените во меѓународното економском деловно и финансиско окружување со цел формулирање соодветни политики.

            Комуникациски вештини:

  • вештини за ефективно презентирање на јавноста и на стручните инстанци на макроекономките движења и параметри;
  • вештини за ефективно презентирање на јавноста и на стручните инстанци на потребните мерки на макроекономските политики и реформите во економките институции.

             Вештини на учење:

  • вештини за анализа и разбирање на теоретските модели на модерната макроекономија и теоријата на економскиот раст и развој;
  • вештини за емпириска анализа и разбирање на практичните аспекти на меѓународните економски и деловни односи.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EDIF510 Економски раст и развој-теории и развојни политики 40 6,00 Проф. д-р Владимир Филиповски
EDIF520 Современите макроекономски концепции и политики 40 6,00 Проф. д-р Трајко Славески
EDF530 Странските директни инвестиции и глобалните синџирири на вредноста 40 6,00 Проф. д-р Ирена Кикеркова
EDF540 Меѓународните финансиски пазари и институции и развојното финансирање 40 7,00 Проф. д-р Владимир Филиповски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
Изборен предмет од Економски факултет* 40 6,00
Изборен предмет од Економски факултет* 40 6,00
Изборен предмет од Економски факултет* 40 6,00
Магистерски труд 18

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ER UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ER 503055 Технолошкиот развој и глобализацијата 40 7,00 Гоце Петрески
ER 503058 Меѓународни финансиски и трговски институции и економскиот развој 40 7,00 Наталија Николовска
ER 503056 Меѓународниот бизнис и економскиот развој 40 7,00 Бобек Шуклев
ER 503057 Меѓународна економија 40 7,00 Ирена Кикеркова
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.