Катедра за Финансии
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Горан Христовски е роден на 10.08.1996 година во Битола. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на департман финансиски менаџмент во 2018 година, со просечен успех на студии 9.97, како втор најдобар студент на генерацијата 2017/2018. Во 2018 година се запишува на втор циклус студии на Економскиот факултет во Скопје, на студиската програма Монетарна економија, финансии и банкарство, магистрира во 2021 година со просечен успех 10.00, на тема „Вишокот на ликвидност и нејзиното влијание врз поставеноста на монетарната политика – случајот на Република Северна Македонија“. Моментално е студент на трет циклус на студии на Универзитетската школа за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во областа на Економски науки.
Во однос на работното искуство, м-р Горан Христовски бил демонстратор на Катедрата за финансиски менаџмент на Економскиот факултет во Скопје, од октомври 2018 до јуни 2020 година. Во јули 2020 година се вработува како брокер во Одделот за работа со хартии од вредност во ТТК банка АД – Скопје. Од март 2021 година, работи во Народна банка на Република Северна Македонија, во Дирекцијата за статискика – Оддел за статистика на финансиски сметки. Исто така, во текот на студиите има волонтирано во Народна банка на Република Северна Македонија, во Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање (2015), и во Министерството за финансии, во Секторот за буџет и фондови (2017). Во октомври 2023 година е избран за извршител во соработничко звање – асистент во научната област финансии на Економскиот факултет во Скопје.
Во текот на својата работна кариера има учествувано на бројни обуки, работилници и конференции во организација на Меѓународниот монетарен фонд, Економската комисија за Европа во рамки на Обединетите нации, Народната банка на Република Северна Македонија, Економскиот факултет во Скопје, Sapienza – Универзитетот во Рим, Центарот за образование и обука „Мотива“ и Академијата за банкарство и информатичка технологија, Исто така, самостојно и во коавторство, има објавено повеќе трудови и статии во домашни и меѓународни списанија.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани