Катедра за Сметководство и ревизија
Ивана Јанчевска е родена 28 Март 1989 година во Тетово.Студирала на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на департман сметководство и ревизија во периодот од 2007 до 2011 година. Во септември 2013 година, успешно го одбранила својот магистерски труд во областа сметководство, на тема „Сметководствено планирање во функција на контрола на успешноста на работењето на претпријатието“. За време на своите студии била демонстратор на група предмети од сметководство и ревизија.На Економскиот факултет, при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е ангажирана од 2014 година, каде што во 2017 година е избрана за асистент докторанд на департманот Сметководство и ревизија. Во септември 2018 година ги отпочна своите докторски студии на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на студиската програма Организациски науки и управување (менаџмент).За овој период одржувала вежби по предметите: Основи на сметководство, Финансиско сметководство, Ревизија и Интерна ревизија, за студенти на додипломски студии.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани