Катедра за Сметководство и ревизија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Тодор Тоцев е роден на 04.10.1996 година во Скопје каде што го започнува и тековно продолжува својот континуиран професинален развој. Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ во Скопје во 2019 година на департманот сметководство и ревизија. Истата година е избран за демонстратор на катедрата за сметководство и ревизија, а воедно и активен студент на втор циклус студии Сметководство и ревизија при Економскиот факултет – Скопје. Магистрира во јуни 2021 година, остварувајќи просечен успех 10,00 и успешно бранејќи го магистерскиот труд на тема: „Големи податоци и анализа на податоци во современите ревизорски ангажмани – емпириска анализа на ставот и перцепцијата на домашната ревизорска практика“.
Со избор на соработничко звање Асистент во научната област сметководство, на 26 ноември 2021 година, се вработува на Економски факултет – Скопје, при УКИМ.
Покрај научно-истражувачките и образовни активности, Тодор е ангажиран и како консултант од страна на Center of Excellence in Finance (CEF) Словенија за лектура и превод на стучна литература од областа на управувачкото сметководство, набљудувач во спроведувањето на испитите кои ги организира и спроведува Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) за стекнување на звање – овластен ревизор, а низ текот на своите студии има реализирани неколку месечни пракси во областа на финансии, сметководство и ревизија во ревизорската куќа БДО, Стопанска банка Скопје, Виспак ПЕЛА, како и реализиран 8 месечен проект за прибирање, обработка и анализа на податоци, организиран од компанијата UNITY од Тексас, САД.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани