Катедра за Менаџмент
Андријана Ристовска е родена на 05.02.1994 г. во Скопје. Во 2016 година ги завршила своите додипломски студии како најдобар студент на департманот Менаџмент. Во 2018 година магистрирала на департманот Стратегиски менаџмент на човечки ресурси со магистерски труд на тема Улогата на менаџментот на човечки ресурси во задржување на талентите во Република Македонија: Емпириска анализа на младите во Република Македонија. Во учебната 2018/2019 година ги започнува своите студии на третиот циклус по Организациски науки и управување (менаџмент) и работи на својот научен труд во областа на флуктуацијата и задржувањето на талентите во компаниите и во државата. Ангажирана е на Економскиот факултет од учебната 2017/2018 година. Главни полиња на научен интерес се поврзани со менаџментот на човечките ресурси, одржливиот развој, менаџмент на перформанси, флуктуација, талент-менаџментот и сл.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани