
Катедра - Е-Бизнис
Сара Симуноска е родена на 13 ноември 2002 година во Тетово. Средното образование го завршува во СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски – Корчагин” во Скопје со континуиран одличен успех. Во академската 2021/2022 година се запишува на департман E-бизнис на Економски факултет – Скопје при Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломира со одбрана на дипломски труд на тема: ,,Развој на информациски системи во ера на вештачка интелигенција: предности и предизвици” во 2025 година, со остварен просечен успех од 9.81.
Во академската 2025/2026 година се запишува на постдипломски студии на студиската програма по Е-бизнис менаџмент, а од февруари 2026 година е ангажирана како Демонстратор на Катедра за е-бизнис.
Во текот на студирањето активно посетува обуки, академии, меѓународни летни школи поврзани со вештачката интелигенција, бизнис аналитика и сајбербезбедноста. Поседува сертификат за Digital Forensics Fundamental Skills, издаден од Florida International University (FIU) Continuing, Professional, and Executive Education, како и сертификат за Network Forensics, од DAI, USAID North Macedonia, UK International Development како дел од CIDR program.
Добитник е на повеќе први награди, меѓу кои: хакатон ,,NextBank: BankAl” за Развој на банкарски производ со помош на вештачка интелигенција организиран од НЛБ Банка АД Скопје; хакатон за Развој на банкарски производ за финансиска поддршка на социјални претпријатија од Јунус центар за социјални бизниси – Економски факултет – Скопе, USAID North Macedonia и Халкбанк АД Скопје; ,,Млад банкар” од страна на Шпаркасе банка АД Скопје; прва награда за најдобар проект на национално ниво на студентскиот натпревар Unija Challenge, организиран од Unija Smart Accounting.
Нејзиниот академски интерес е насочен кон примена на современи дигитални технологии за унапредување на бизнис процесите и развој на иновативни решенија.
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани