Катедра за Финансии
Силвија Јакимовска е родена на 02.10.1994 година во Скопје.
Во академската 2013/2014 година се запишува на прв циклус студии на студиската програма: “Финансиски менаџмент” на Економски факултет – Скопје. На 02.10.2017 завршува универзитетски студии по финансиски менаџмент и се стекнува со стручно звање: “Дипломиран економист”. Дипломскиот труд го изработува по предметот: “Финансиски пазари и институции”, на тема: “Управување со ликвидносниот ризик на банките, со посебен осврт на новите случувања по финансиската криза од 2007-2008 година”.
Во академската 2017/2018 година се запишува на втор циклус студии на студиската програма: “Монетарна економија, финансии и банкарство” на Економски факултет – Скопје. За демонстратор на катедрата по финансии е избрана на 02.11.2018 година.
За време на студиите посетува практична настава во неколку јавни институции: АД ЕЛЕМ Електрани на Македонија, Управа за финансиска полиција и Народна банка.
Нејзините научно – истражувачки аспирации се во доменот на: бихевиористичката економија, монетарната економија и финансиите.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани