Пријавување на дипломски труд

Упатство за изработка на дипломски труд

Студиите на Факултетот студентот ги завршува со изработка и јавна одбрана на дипломски труд од областа на студиите. Насловот на темата ја одобрува предметниот наставник од чија област се изработува дипломската работа, најчесто при запишувањето на VIII семестар (т.е. кога освоил најмалку 200 кредити).
По исполнување на условите за дипломирање, односно со
  • положени  минимум 31 испит  и освоени минимум  240 кредити за студентите запишани заклучно со 2021 година,  или
  • положени  минимум 32 испит  и освоени  240 кредити за студентите запишани од 2022 година или ги продолжиле студиите по наставниот план од 2022 година
во Одделението за студентски прашања, студентите го поднесуваат дипломскиот труд (во 4 примероци) и потребниот комплет од формулари за дипломирање, најдоцна во рок од 45 дена по завршувањето на испитната сесија кога го положиле последниот испит.
По поднесување на дипломскиот труд и потребните документи за дипломирање во Одделението за студентски прашања, студентското досие во материјална и е-форма се проверува во рок од 3-5 работни дена.
По комплетирање на студентското досие, службата ја информира комисијата за одбрана на дипломскиот труд која потоа закажува датум и термин за одбрана.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.